И такааа....лето, не се вклучува рерна...прежешко...арно ама треба и да се јаде, а месари колку сакаш по дома. Арно ама тука е и Air Fryer Апарат за готвење со топол воздух...Го ставаме каде сакаме, на тараса, во ходник или под аспиратор и си готвиме, т.е.тој си пече, ние си подготвуваме салата ...

Подготовка
1. Пилешките гради ги ставаме во блендер или сечко и ги мелеме. Ги додаваме сите останати состојки.
2. Го рендаме и кромитчето па и него го додаваме.
3. Смесата ја соединуваме, па земаме од неа во рака и формираме топче, го расплескуваме, во средината ставаме коцка кашкавал и повторно го затвораме.
4. Ги редиме топчињата во садот од апаратот за готвење со топол воздух.
5. Го вклучуваме на 180 степени 18 минути. По 10 минути можете да ги превртите или пак само да го протресете садот за да се превртат како кога ги пржиме.

Забелешка
Можете кога ќе ги ставите во садот за готвење да ги прелиете со неколку капки масло. Времетраењето на печење може да е некоја минута повеќе или помалку, зависи какви ги сакате, попечени или не.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани