17
ное
2014
Пециво со блитва и јогурт
Најпрвин обарената и убаво исцедена блитва исецкајте ја на ситни парчиња.
Во сад ставете ги јогуртот, пармезанот, јајцата, маслото, сецканата блитва и солта.
Измешајте ги убаво овие состојки, а потоа постепено додавајте брашно измешано со пецивото.
Месете додека добиете меко нелепливо тесто.
Од тестото формирајте топчиња.
Наредете ги во плех, премачкајте ги со масло и печете на загреана рерна од 200 степени 25 минути(зависно од рерната).
Лиценца: Сите права се задржани