Нема полесна за правење од оваа пита, дури и за почетници зошто буквално не бара ни многу сучење ни многу време. А за вкусот може да си претпоставите. Подготовката оди вака

Во сад со млака вода и неколку лажици брашно ставете го квасецот и солта и размешајте убаво да се раствори квасецот.

Во подлабок сад просејте го брашното, додадете јогурт, масло и размешаниот квасец и со млака вода замесете меко тесто кое нема да се лепи по рацете. Оставете го во садот покриено со крпа додека го приготвувате фипот.

Блитвата исчистена обарете ја и промешајте ја со едно изматено јајце и издробено бело сирење

Тестото поделете го на 10 топчиња. Секое топче расукајте го во коричка колку мала плитка чинија и на 5 од нив намачкајте од омекнатиот маргарин. Преклопете ги со останатите 5 корички така што на пет места ќе добиете по две кори. Секоја кора расукајте ја во големина на избраната округла тава за печење и попрскајте ја со преостанатиот растопен маргарин. Нанесете и 1/4 од филот со блитва. Повторувајте ја постапката и со останатите 4 кори.

На крај исечете го киснатото на коцки и оставете да нарасне 20-тина минути. Пред печење попрскајте со малку масло и печете на 180 степени 30 мин. Оваа доза е доволна за тава број 26 ако Ви е малку слободно дуплирајте ја. А по желба може и да си ставите друг фил.

Заминав јас по јогурт

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови