Многу едноставни и брзи за припрема без проблем се пржат во секој сад со нелеплива површина и повторно комбинација на состојки која ја сакаме во која преовладува вкусот на сирење.

Од јајцата (кои се матат со виљушка), жолчката, маргаринот (сечен на танки ливчиња) и дробеното сирење, се замесува тесто со додавање на брашно така да добиете мека конзистенција, која едвај ќе се држи во раце. Се дели на еднакви делови, се набрашнува работната површина и врз неа се валаат стапчиња, се валкаат во матено јајце и во презла, се пржат во врела маснотија, така испржени се оставаат над кујнска хартија да ја впие маснотијата, се конзумираат и топли и ладни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови