Прженици на куп
Ова можеби и не е некој рецепт, но мене ми беше вкусен ручек, па решив да го споделам со вас.
Додека се обарува сојата, го користам времето за остатокот од пржениците.
Ги лупиме тиквиците.
(Јас да ви признаам дека не ги излупив зашто беа многу млади и не прскани тиквици.)
Ги исецкав на тркалца и веднаш ги потопив во јајце помешано со зачини.
Откако добро ќе се натопат ги валкам во пченкарно брашно и ги пржам во врел зејтин додека не заруменат.
Потоа ги вадам на хартија да го впијат вишокот од маснотијата.
Компирите ги лупиме и ги сецкаме за пржење.
( Поради тоа што беа млади компирите јас ги стругав со ноже)
Се посолуваат компирите и тие одат на пржење во врелото масло.
Готовите поцрвенети компирчиња, одат во друг сад, настрана од тиквиците.
Се враќаме кај сојата.
Обарената соја ја цедиме во цедалка подстиснувајќи ја по малку да се исцеди убаво водичката која останала во внатрешноста.
Ја зачинуваме со мешан зачин и црн бибер.
Префрламе во тавата за пржење и попрскуваме масло.
Кога ќе почне да се запржува сојата, додаваме 5-6 лажици супени сусам. Промешуваме и оставаме да се пржи.
Пржиме на тивок оган околу 15 минути.
Сојата е готова.
Така спремните состојки за мојот денешен ручек се спремни за сервирање и конзумирање. Јас додадов краставичка и патлиџан во сервирањето, а вие сервирајте си по вкус и желба.
На здравје со пржениците...
Напијте се една чашка винце црвенко... ( јас тоа се напив.... хахахах )
И ете, ќе заборавев дека можете рецептот да го подготвите во Делимано Гурмет 8 во 1 Пекачот.... на начинот ----Пржење во масло
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови