Небо од ванила
Одамна уште имав намера да направам тесто со пудинг фил, ова е нешто многу блиско до кроасан вкус, меко миризливо.
Од горните состојки се замесува тесто со мека конзистенција и се остава да надојди. Во меѓувреме се прави пудинг-фил од наведените состојки, како и вообичаено што се вари пудингот, притоа од времето кога ќе зоврие до самиот финиш вариме 2 минути, остава да се излади повремено мешаме за да не зафати,,коричка,,
Надојденото тесто се излева врз набрашнета работна површина и се развива кора со размер од 50* 30* см. Се премачкува со изладениот фил, но не до крај на кората за да не се излее од неа.Се рола во ролат со должина од 54 см. па се сечат точно 9 парчиња ролат, кои се ставаат во калап со дијаметар од 26 см. Нема многу естетски да изгледаат убаво зашто тестото е неверојатно меко, но тоа не е ни толку важно зашто на крај се сечи како парчиња торта, па нема ни да се забележи. Се редат едно до друго парчињата врз хартија за печење, се оставаат 30 мин. да надојди тестото и се премачкуваат со истопен путер,се печи на 200,додека зарумени па се намалува на 175..се до крај вкупно некои 45-50 мин.(ако имате јака рерна секогаш се става хартија за печење одозгора над тесто да не изгори). Нека се излади, па се става шеќерен прелив за кој се мешаат шеќерот и сок ос свеж лимон, па по потреба се додава млеко. Како што напоменав и претходно, се сечи како парчиња торта и така се служи, меко и вкусно и наредниот ден.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови