Ванила мафини
Земете еден голем сад, изматете ги јајцата со шеќерот. Ставете го маслото, па киселото млеко, па брашното. Матете со миксер. Додадете ги пецивото, ванилата и ванилиниот шеќер. Измешајте се убаво со миксер. Внимателно претурете од смесата во хартиените корпи. Ако немате хартиени корпи, ставете го тестото во претходно намрсени со маргарин и попрскани со брашно калапи. Внимателно претурете го филот во корпите или калапите, притоа внимавајќи да не ги преполните, колку и да сакате тоа да го направите, затоа што ќе претечат во текот на печењето. Во секое мафинче, брцнете по неколку вишни, претходно добро исцедени. Печете околу 30-35 минути во претходно добро загреана рерна на 250 целзиусови степени. Испечените мафини извадете ги од калапите и ставете ги на чинија да се оладат. Од оваа смеса излегуваат 24 мафини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор