Најмеки, најсочни мафини кои се топат в уста. На прв поглед не изгледа ништо специјално рецептот, но кога ќе ги пробате, ќе ви станe јасно зошто ова се едни од најдобрите мафини кои сте ги пробале. Мафините се меки, ровки, се топат в уста. Големина на шолjа 200 мл. Од оваа доза се добиваат околу 16 мафини.

Подготовка:
1. Прво изматете ги јајцата со шеќерот околу 10 минути. Потоа додадете го постепено маслото и продолжете да матите.
2. Додадете го јогуртот, ванилиниот екстракт, па постепено додавајте го просеаното брашно со прашокот за пециво и измешајте убаво со дрвена лажица.
3. Калапот за мафини или намрсете го или ставете хартиени корпи. Mене ми се поубави во хартиени корпи, бидејќи остануваат помеки. Наполнете ги 2/3 со смесата и одозгора ставете по 3-4 капинки. Ако користите замрзнато овошје, тогаш претходно исцедете го од водата.
4. Ставете ги мафините да се печат на 180 степени во загреана рерна околу 20 минути. После печењето, откако ќе оладат неколку минути, префрлете ги во чинија за сервирање и наросете ги со шеќер во прав во кој сте измешале мелен ванилин шеќер.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови