3
апр
2012
Пржени јаболка со ванила
1. Лимонот се цеди и во сокот се додава брендито.
2. Јаболката се лупат, чистат и се сечат по должина.
3. Се мешаат брашното со млекото, шеќерот, ванилата и жолчката. Белката ја матиме одделно додека не стане пенлива па тогаш ја додаваме на смесата. Парчињата јаболка ги валкаме во смесата.
4. Загреваме поголема количина масло во тава. Ги пржиме јаболката од двете страни додека не заруменат.
Ги вадиме на салветка, посипуваме шеќер во прав и ги сервираме топли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови