Сигурен сум дека имате омилен рецепт за палачинки и се надевам дека откако еднаш ќе го пробате, и овој рецепт ќе биде на списокот на Ваши омилени јадења. Да се стави сладолед на топла палачинка и да се гледа како се топи е вредно за паметење.

Преземи го рецептот во PDF

Подготовка

Чекор 1: Прво ставете брашно во чинија и додајте ги двете јајца и млекото, а потоа промешајте ја смесата. По неколку минути мешање можете да додадете минерална вода и да ја мешате уште малку.

Чекор 2: Кога тестото ќе добие убава форма, можете во него да додадете шеќер, сончогледово масло и само малку сол. Бидејќи палачинките најмногу зависат од тестото, не брзајте и мешајте ја смесата додека тестото да добие убава форма и цврстина.

Чекор 3: Загрејте ја тавата за палачинки и ставете капка масло во неа пред да започнете со подготовка за палачинките. Пржете ги по неколку минути по двете страни, но Вие веќе го знаете тоа. Од овој рецепт се прават најмалку две палачинки, но исто така можете да направите уште неколку за Вашите пријатели.

Чекор 4: А сега доаѓа најлесниот и највкусен дел. Само ставете половина лажица сладолед од ванила во средината на палачинката. Затворете ја по желба. Јас направив триаголник, направете го истото со втората палачинка и ставете неколку јагоди на страна. Една топка сладолед одозгора за крај и можете да уживате во едни од моите омилени палачинки.

Чекор 5: Што се однесува до чистењето, овојпат можете да го прескокнете бидејќи се е веќе чисто.

СОВЕТ: Знам дека ова веќе звучи вкусно, палачинки со Вашиот омилен сладолед, но верувајте ми – подобри се отколку што мислите. Изборот на овошје и сладолет останува на Вас. Ако сте расположени, можете да ги направите веќе денес.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за палачинки