Се мати убаво со миксер шеќерот со путерот околу 2 мин .
Се додаваат 2те жолчки, убаво со миксерот се мати, по малце се додава брашното и тао со миксерот убаво се мати.
Кога ќе биде готово се прават мали топчиња 2.5 см да бидат големи и се клават во белката и сетне во оревите. Се клават на хартија за печење
Рерната се загрева на 180.
Топчињата се притискаат со дрвено стаче за да се направи мало дупче во кое се става мармалад по вкус. Се става да се пече 15-20 мин. Може да се прелијат со стопено чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови