На Баба Слатко
Состојки
- 250мл путер мек
- 125 мл кафеав шеќер
- 2 јајца жолчки
- 500мл брашно
- 2 јајца белки изматени
- 250 мл Ореви ситни
- мармалад по потреба
Подготовка
Се мати убаво со миксер шеќерот со путерот околу 2 мин .
Се додаваат 2те жолчки, убаво со миксерот се мати, по малце се додава брашното и тао со миксерот убаво се мати.
Кога ќе биде готово се прават мали топчиња 2.5 см да бидат големи и се клават во белката и сетне во оревите. Се клават на хартија за печење
Рерната се загрева на 180.
Топчињата се притискаат со дрвено стаче за да се направи мало дупче во кое се става мармалад по вкус. Се става да се пече 15-20 мин. Може да се прелијат со стопено чоколадо.