Пилешко во слатко-кисел сос
Исечкајте го пилешкиот стек на мали коцки и зачинете го. Најдобро е да го ставите од претходниот ден да отстои во фрижидер. Потоа, извалкајте ги коцките во брашно (за да бидат крцкави и сочни внатре)и пржете ги барем 3,4 минути во тенџере со загреано масло (или во фритеза).
Штом се готови, пилешките парченца ставете ги на хартиена салфетка која од нив ќе го упие вишокот масло.
Исечкајте ги кромидот, морковот, бабурите на поситни коцки (1 см.), а јаболкото (излупено) на уште поситни.
Загрејте ја вок тавата, потоа додадете малку масло и оставете го убаво да се загрее. Прв додадете го кромидот, пржете 2 минути (постојано промешувајте со дрвена лажица), па додадете го морковот, пржете 2 минути, па додадете ги бабурите, пржете 3 минути, па додадете го јаболкото, пржете минута, па додадете оцет, шеќер и кечап. Убаво промешајте и додадете ги пилешките коцки. Пропржете уште 3 минути и готово!
Послужете со ориз или зеленчук на кинески начин...ќе ги напишам и тие рецепто!
Пријатно! :)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови