
6
јул
2013
Пилешки крилца во слатко кисел сос
Крилцата посолете ги и наросете ги со мелен црн бибер, а потоа ставете ги во загреано масло да се пржат.
Пржете додека убаво заруменат.
Извадете ги од тавата и во истото масло во кое се пржени крилцата додајте го ситно сецканиот кромид.
Откако кромидот ќе омекне во тавата додајте ги сенфот, соја сосот, јаболковиот оцет, медот, водата и лимонот исечен на кругови.
Оставете на тивок оган да поврие додека стане како сируп.
На крај во тавата со сосот додајте ги пржените крилца и оставете уште 2 минути да провријат заедно со сосот.
Лиценца: Сите права се задржани