Фичо ќе подготви брз ручек на кинески начин, месо со зеленчук во слатко-кисел сос.

Подготовка

Чекор 1: Месото ќе го исечкате на тенки шнитови. Маринирајте го во нишесте со масло.

Чекор 2: На коцки исечкајте ја пиперката, кромидот и ананасот. Треба да бидат иста големина.

Чекор 3: Во садот за сос сипете го доматното пире, оцетот и шеќерот.

Чекор 4: Во Вок тавата ставете малку повеќе растително масло. Растителното масло е поотпорно на температура. Пржете го месото околу 15 минути.

Чекор 5: Нудлите ставете ги во зовриена вода само две минути.

Чекор 6: Во Вок тавата со месо додадете го сосот, потоа додадете ги нудлите и сервирајте.

СОВЕТ: Доколку не сакате свинско, овој рецепт може да го подготвите и со пилешко или телешко месо.