
28
фев
2015
Слатко кисел кинески сос
Ова е кинески сос со интересен и интензивен слатко кисел вкус, кој се користи како додаток во кинеските јадења. Многу е едноставен за подготовка.
Сите состојки ставете ги во мало тенџерче, почнете да го варите и мешајте со
жица за да не се прават грутчиња од густинот.
Мешајте околу 5-6 минути додека да се згусне и да подиспари оцетот.
По желба за љубителите на лутото може да се додаде лут чили доматен сос.
Колку поголем % на киселост на оцетот се користи, толку покисел ќе е сосот,
значи и киселоста може да се регулира по желба.
Се надевам ќе ви се допадне овој специфичен сос.
Лиценца: Сите права се задржани