Пилешко со кикирики во слатко кисел сос
Пилешките гради исечете ги на помали парчиња.
Посолете, наросете црн бибер и лажичка нишесте.
Убаво измешајте и ставете ги во тава со масло да се пржат.
Во друга тава со сосема малку масло ставете ги кикириките да се пропржат.
Во подлабок сад измешајте ги соја сосот, медот, кечапот, оцетот, ѓумбирот и топлата вода, па откако месото ќе биде скоро готво исипете ја смесата во тавата со пилешкото.
Додајте ги и пропржените кикирики и оставете на тивок оган се заедно да прокрчка.
Прилог
Оризот сварете го и исцедете го убаво од водата.
Во тава на оган ставете масло да се загрее, па додајте ги сецканиот кромид и целер.
Откако ќе омекнат додајте го оризот.
Посолете, наросете црн бибер и убаво промешајте.
Вака спреманото пилешко и прилогот од ориз послужете ги топли.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани