Пилешко во слатко кисел лут сос
1. Пилешкото месо се сече на мали парчиња, се пржи во маслиново масло 10-15 минути а потоа се додава 1 лажица мед, 1 лажица сенф и 50 мл. вода. Добро се промешува и се пржи уште 2-3 минути.
2. Во посебен сад се ставаат 100 мл. вода и 1 лажица густин и добро се промешуваат. Во истиот сад се додаваат 3 лажици соја сос, 2 лажици бело вино, 2 лажици балсамико оцет, 1 кафена лажичка лут буковец, 1 лажичка оригано, сол и бибер по желба. Вака подготвениот сос добро се промешува и се трга настрана.
3. Во посебна тава (вок) се става малку маслиново масло и се пропржува 1 главица ситно сецкан кромид и 3-4 чешниња лук. Откако кромидот ќе омекне се додаваат 4 моркови и 2 црвени пиперки и се заедно се пропржува 3-4 минути. На крај се додаваат 300 гр. свежи печурки, 500 гр. брокула (варена околу 5 минути) и свеж магдонос. Се промешува и се пржи уште 5 минути.
4. Во зеленчукот се додава претходно подготвеното пилешко месо и се прелива со сосот. Се заедно се промешува и се пржи уште 5-6 минути.
* Ова јадење можете да го послужите со ориз или со тестенини.
Оризот се става во тенџере со веќе зовриена вода и се вари 20 - 25 минути, се цеди и се мие добро со ладна вода за да се одделат зрната.
Лиценца: Сите права се задржани