Мусака со кисела зелка со доматно пире
Во малку масло пржиме две главици кромид сецкани на коцки пржиме додека кромидот малку да омекне, потоа ја додаваме зелката поситно сецкана и ја динстаме додека убаво да омекне речиси готова за конзумирање додаваме доколку е потребно сол и бибер.
Оризот посебно го ставаме да се вари во посолена вода.
Во друга тава во малку масло пржиме една главица кромид исечена на коцки да омекне и додаваме рендан морков. Промешуваме додека морковот малку да омекне го додаваме и меленото месо го пржиме. Кога е испржено додаваме 1 лажица доматно пире и малку вода околу 70 мл динстаме да испари водата зачинуваме по вкус.
Земаме тава за печење ја намрсуваваме со малку масло и редиме половина од зелката, половина од оризот, целата смеса од меленото месо другата половина од оризот и другата половина од зелката.
Јајцата ги матиме со киселото млеко, додаваме малку сол и смесата ја распоредуваме врз зелката.
Печеме во загреена релна на 200 степени околу 30 -40 минути додека да добие светло кафеава боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови