Мусака од кисела зелка и мелено
Вообичаената комбинација кисела зелка-мелено добро функционира секогаш, а за промена овој пат во форма на мусака.
Од киселата зелка, која прво се одкиселува и одсолува така што ќе отстои во вода, се цедат лисјата добро, се сечка на ситно и се става на оган во поширок сад, да се испари целата течност.
Се става малку масло и се потпржува, малку да добие боја па се налева 150мл. вода нека крчка,истата постапка уште 2 пати се применува, така расолот сосема треба да се омекни и потпржи. На сам крај кога се става на врв на лајче фино мелен црвен пипер и се трга настрана.
Следната постапка е пропржување на меленото. На сечкан кромид и малку масло се додава лук, мелено месо, нека забели како и вообичаено што се приготвува,. Следуваат зачините, малку мелен пипер и тука нека се измеша заедно некоја минутка на оган.
Во тавче се истура половина од смесата со динстан расол, се рамни со тапкање, над него меленото, се става ситно дробена сува пиперка, лист ловор, најгоре пак се прекрива со остатокот од раслот, се рамни и сега така наредена смесата се полева со врела вода во која сме ја ставиле говедската коцка да се истопи. Водата треба да го е до нивото на расол во тавчето се печи на 200 во рерна да си добие убав потпечен слој одозгора, но и цела течност да испари при печење. Редовно за прилог луто феферонче или макало и чаша црвено вино.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови