Пита со кисела зелка, праз и мелено месо
Да ја искористиме останата зелка со овој убав појадок.
На загреано масло (јас ставив пола масло пола маст) се пржи ситно сецканата зелка се додека не омекне и не ја смени бојата.
Тоа трае околу 45 минути-до еден час.
Сега во друга тава на малку масло го пропржуваме празот, па го додаваме меленото месо.
Пржиме да испари водичката и зачинуваме по вкус.
Ги соединуваме зелката и филот од праз и месо.
Во сад на страна ја подготвуваме кашичката.
Јајцата благо ги матиме, ги посолуваме, ги додаваме сите други состојки, убаво се да се соедини.
Земаме прва кора со четка ја премачкуваме со кашичка, па втора кора, повторно кашичка, па трета кора , кашичка и 5 лажици од филот, расфрламе низ цела кора.
Виткаме ролат.
Така постапуваме се додека не го истрошиме целиот материјал.
Редиме во плех, премачкуваме одозгора со остатокот од кашичката, наросуваме со сусам и печиме околу 30 минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани