Да се приклучам и јас кон месените работи со кисела зелка. Се надевам ќе ви се допадне.

1. Во поголем сад ставете го брашното, содата, солта и шеќерот. Во чаша со млаkа вода растворете го квасецот и заедно со зејтинот додадете го во садот со брашното. Замесете меко малку лепливо тесто и месете подолго време додека не стане мазно и глатко (со самото месење ќе престане да лепи па затоа не додавајте плус брашно).
Од целото тесто развлечете долга (како врвка) форма и пресечете на 28 или 32 топчиња. Групирајте ги во 4 корички по 7-8 така што ќе премачкувате меѓу секоја со мешавината од маргарин и зејтин.
2. Секоја купче развлечете го во поголема кора, премачкајте ја целата со маргарин и преклопете на половина. Повторно премачкајте ја со маргарин и пак преклопете на половина во обратна насока од претходно. Ќе добиете долга правоаголна форма, премачкајте и преклопете по должина да добиете скоро коцка. И уште еднаш премачкајте и повторно прклопете во обратна насока (постапката ја има на сликите). Така со сите 4 корички. Оставете ги во фрижидер додека го спремате филот.
3. За филот прво ситно исецкајте ја зелката и ставете ја да се пржи во посебен сад со малку зејтин. Зачинете со бибер по вкус и сол доколку има потреба и оставете малку да се запржи. Во друг сад на оган ставете го ситно сецканиот праз да се пржи. Кога малку ќе омекне додадете го протиснатото лукче. Потоа додадете го месото и пржете додека не ја смени бојата. Потоа додадете ја и зелката во садот и убаво промешајте за да се изедначи. Зачинете си по вкус.
4. Тавче бр.32 убаво намрсете го. Земете една по една од корите и развлечете во големина на тавчето. Ставете ја едната кора и 1/3 од филот, па другата кора и фил и третата кора и остатокот од филот. Покријте со четврата кора, убаво притиснете ги краевите и пресечете ја на парчиња.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С, доколку има потреба и покријте за да не загори.
Послужете топла.

Добар апетит =)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани