Сеченица со зелје
Еве повторно нешто месено од мене. Онаа класична (бабина) сеченица што ја знам е само со сирење, но секогаш може да се пробуваат најразлични варијанти.
1. Од состојките за тесто замесете меко нелепливо тесто и оставете малку да одмори (состојките се променливи во зависност од плехот во кој ќе печете). Тестото поделете го на 22 топчиња (3 кори по 5 и 1 кора со 7 топчиња). Маргаринот растопете го, но да не зоврие. Секое топче малку развлечето го со сукало да се формира коричка, па редете едно врз друго, премачкани со маргарин. Првото купче со 7 корички, останатите 3 со по 5 корички. Оставете ги да стојат додека го спремите филот.
2. Ситно исечкајте го зелјето и посолете малку за да ја испушти течноста. Додадете го сирењето и во зависност од големината 1 или 2 јајца. Филот треба да биде по сув. Досолете по вкус.
3. Земете го првото купче (со 7) и рассукајте во малку поголема кора од плехот за печење. Ставете ја во нарсениот плех, па ставете дел од филот. Истото се повторува со останатите 3 кори кои треба да бидат со големина исто колку плехот. На крај направете сосем тенка витка, исечете го тестото на парчиња и убаво прелијте со растопен маргарин. Ставете да се пече во загреана рерна. Оставете малку да се излади па послужете со чаша јогурт или кисело млеко и уживајте.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Кларич повели на гости и бирај со што сакаш, некако на месено ми е деновиве па си "играм" со брашно по дома :)))