Сеченица
Можеби до сега забележавте дека во мојата кујна тестото има големо значење или да бидам по прецизна месените работи од секогаш ми се предизвик. Мирисот на печеното тесто во мојот дом му дава посебна топлина која неможам да ви ја опишам. Сеченицата е за оние домаќинки кои немаат многу време, а имаат желба да подготват убава лисната пита.
Подготовка
Во длабок сад го ставаме брашното на краевите ја сипуваме солта на средината го ставаме квасецот, шеќерот и активираме со еден филџан млака вода. Одкако ќе забележите дека квасецот дупло го зголемил својот волумен додаваме зејтин и со преостанатата млака вода замесуваме средно меко тесто кое со месење ќе ни се одлепи од пластичниот сад. Тестото го оставаме да стаса покриено околу еден час.
Откако ќе стаса тестото го делиме на три еднакви топки кои повторно ги оставаме да одстојат десетина минути.
Е сега го земаме сукалото доколку не сте спретни со него одлична работа ќе заврши и оклагијата.
Значи расукуваме кора со големина на работната маса, во сукањето треба да се внимава колку притискате со прстите во тестото и треба добро да се посолува со брашно да не се залепи кората.
Кората одкако ја развлековте премачкајте ја со растопен путер или свинска маст. На средината на тестото ставете од филот расечете ја кората и почнете да преклопувате на средина. Многу појасно ќе ви биде доколку ги следите дополнителните слики.
Вака приготвената диплена кора ја тргаме на страна и ја расукуваме втората кора, ја премачкуваме филуваме, расекуваме и на средина ја ставаме предходната кора и повторно преклопуваме. Истата постапка ја повторуваме и со последната кора и на крајот целото веќе стокмено тесто пополека со оклагија го расукуваме со големина на тавчето во овој случај со големина бр34.
Питата ја премачкуваме со растопен путер или маст и посолуваме со сусам. Печеме на 200 степени половина час потоа намалуваме на 180 уште петнаесетина минути.
Питата ја вадиме пропрскуваме со еден филџан вода и покриваме со крпа да се излади.
Забелешка
Питата мораме пред да ја печеме да се исече на коцки. Околу филувањето морам да си го напишам своето искуство значи јас ја имам подготвувано со фил од спанаќ и јајца, урда со јајца, кисела зелка и секоја комбинација е преубава.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
Како и да е спремена, секогаш добредојдена, одлично си ја подготвила :)