Доматите модри измијте ги и пресечетте ги на пола, насолете и оставете да се исцедат. Оризот сварете го посебно и тргнете го на страна.
Е сега!
Излупете го кромидот и испржете. Додадете ја сланината на коцки и продолжете да пржите се заедно. Модриот домат издлабете го и сржта исецкајте ја на ситно и додадете ја во кромидот и продолжете да пржите. Потоа додадете ги црвените домати лупени и сецкани на коцки и сето убаво се динста. На крај додадете го варениот ориз и се добро измешајте и посолете. Во подмачкано тавче наредете ги доматите и наполнете ги со фил.Ставете да се печат на 180 С додека не поцрвенат,а доматот треба да се потпече убаво.

Одозгора посолете со црн ким.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови