Млечни путер кифли
Путерот се растoпува во млекото.
Квасецот се раствара во млаката вода.
Во сад се ставаат брашното, шеќерот јајцето, солта, растворениот квасец и млекото заедно со путерот. Смесата ја матиме со миксер со додатоците за тесто додека сите состојки добро не се соединат. Ќе добиете меко и свиленкасто тесто. Тестото го покриваме со крпа и го оставаме да стасува околу 1 час. или додека не го дуплира волуменот.
Работната површина ја покриваме обилно со брашно, го ставаме тестото на неа и сосема нежно го размесуваме тестото. Тестото го делиме на 10-12 помали топчиња. Од топчињата се развлекуваат помали неправилни форми кои ги обликуваме во кифли.
Кифлите ги ставаме во тава обложена со хартија и ги оставаме да стасуваат. Пред печење кифлите ги премачкуваме со разматена жолчка во која сме додале две лажици млеко. Кифлите се печат на 230 Ц. околу 10 мин.
Кифлите се многу меки и фини, а можат да бидат празни или да се филуваат според желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Mnogu ubavo napraveni,, Maja :)
Fala vi mnogu na site! :)
kiflickite mnogu ubavo izgledaat:)