31
авг
2014
Млечни полнети пиперки со поховани буковки
Подготовка на пиперките
1. Пиперките се чистат од рачките и семето и се полнат со филот (може и да се затварат со капаче од рачките нивни за да не истече филот однатре
2. Се пржат на врело масло за јадење
Подготовка на филот
1. Сусамот се става да се запече во тавче, малку да зарумени и се остава да се излади
2. Урдата,сусамот и сите останати состојки се мешаат во еден сад и со овој фил се полнат пиперките пред пржење
Подготовка на буковките
1.Секоја буковка се цепи на 2-3 парчиња по должина - зависи од нејзината големина
2.Се валка во смесата од бело и царевно брашно - зачинети со сол и зачин
3.Се пржат на врело масло за јадење
4.Се служат како гарнир на олнетите млечни пиперки
Лиценца: Сите права се задржани