Млечни полнети пиперки со поховани буковки
Состојки
- 5 свежи подебели пиперки
- За филот за пиперките
- 150 гр урда
- 3 лажици овчко кисело млеко
- 20-30 гр сецкани или мелени ореви
- 2 лажичиња сусам потпечен
- 2 кругови шунка (ситно сечкана)
- малку сол
- За буковките
- 250 гр свежи буковки
- 1-2 лажици царевно брашно
- 3-4 лажици бело брашно
- малку сол
- малку мешан зачин
Подготовка
Подготовка на пиперките
1. Пиперките се чистат од рачките и семето и се полнат со филот (може и да се затварат со капаче од рачките нивни за да не истече филот однатре
2. Се пржат на врело масло за јадење
Подготовка на филот
1. Сусамот се става да се запече во тавче, малку да зарумени и се остава да се излади
2. Урдата,сусамот и сите останати состојки се мешаат во еден сад и со овој фил се полнат пиперките пред пржење
Подготовка на буковките
1.Секоја буковка се цепи на 2-3 парчиња по должина - зависи од нејзината големина
2.Се валка во смесата од бело и царевно брашно - зачинети со сол и зачин
3.Се пржат на врело масло за јадење
4.Се служат како гарнир на олнетите млечни пиперки