Подготовка:

1. Вклучете ја рерната да се загрева на 180 стпени.

2. Марципанот исечкајте го на парчиња и во длабок сад изматете го со миксер, заедно со белките. Додадете го мармаладот и продолжете кратко со матење, додека да добиете мазна, густа смеса. Поделете ја на четири дела и тргнете на страна.

3. Брашното измешајте го со пецивото. Додадете ги останатите состојки и замесете фино, цврсто тесто. Поделете го на четири дела. Од секој дел исукајте долгнавеста кора со димензии отприлика 30 * 12 см. и премачкајте ја со филот. Завиткајте во ролат и сечете парчиња со дебелина од околу 2 см. Редете ги во плех на хартија за печење.

4. Се печат околу 20 минути (во зависност од рерната). Откако колачите ќе се оладат, посипете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани