Од сите состојки се замесува тесто. Се остава да постои околу 20 минути. Тестото го делиме на 4 колачиња. Секое колаче се расукува кора со дебелина од околу 1 см. и го сечеме во форма на квадрати. Постапката ја повторуваме со сите колачиња.
Се пржи во длабока тава во врел зејтин. Додека се пржат се тресе тавчето за да може врелото масло да ги фати од двете страни и така тие убаво се полнат со воздух и изгледаат како перничиња. Испржените перничиња ги ставаме на хартија за да ја впие непотребната маснотија. Се јадат топли со чаша јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови