Маринирани копани
Припрема
- Во киселото млеко додадете ги сите суви состојки, лукот истолчете го и додадете го или пак многу ситно исецкајте го - измешајте.
- Додадете ги копаните- добро ги измешајте и оставете да одлежат во вака најмалку 3 часа, а најдобро да се маринираат одвечер за да наредниот ден ги спремите.
- Извадете ги копаните од маринадата и наредете ги во лесно подмачкано тавче (а и не мора). Ставете да се печат во предходно загреана рерна.
Забелешка
- вака печените копани имаат многу меко и сочно месо, а одозгора како карамелизирани, за тоа допринесува шеќерот во маринадата.
- не ви напишав колку време се печат затоа што не знам да ве посоветувам, мојата рерна веќе гледа во продавниците, на ново мириса. Јас печев скоро 60 мин. се поради рерната.
Лиценца: Сите права се задржани
a Klara.. usite da si jade... ama znae taa... i so oslicot ne zgresila.. jas denes pravev pleskavici od oslic...