
2
јан
2021
Маринирани потпечени копани со компири
Копаните убаво се мијат и се посолуваат со сите зачини(сол, сув зачин, сенф, бибер, црвен пипер и лимон). Се меша со рацете за целата маринада да навлезе во нив и се оставаат да отстојат 1 час.
Се лупат компирите и се посолуваат .Се додава бибер, исечканиот кромид и шеќерот. Се мешаат убаво компирите за да се залепат зачините рамномерно и се ставаат во тава за печење. Над нив се редат батаците и се пече без да се покриваат околу 50мин. На 30мин се превртуваат компирите заедно со копаните.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани