1. Навлажнета густа газа се става врз цедалка и во неа се истура веке посолениот густ јогурт или кисело млеко, се остава во фрижидер да се цеди 24 часа.
2. Се вади од газата и се оформуваат топчиња кои ќе ги увалката или попрскате со малку од зачините.
3. Во сад ставете од зачините, налијте маслинов зејтин.
4. Префрлете ги направените топчиња во садот - треба да се облиени со зејтинот.
5. Вратете ги во фрижидер и вадете по ваша потреба.
Совет
Ова е прав деликатес. Вака спреманото цедено млеко може во фрижидер да стои и 2 недели. Зачините се навистина по ваш избор, зачинувате со зачини кои вашето семејство ги обожава.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Тава за пржење ; Касерола

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови