Испечати

Маринирани копани

Маринирани копани

Состојки

  • 1 кгр. пилешки копани
  • 1/2 л. кисело млеко
  • 1 лажица црвен мелен пипер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 3-4 чешниња лук
  • на вкус мелен црн пипер

Подготовка

Припрема
- Во киселото млеко додадете ги сите суви состојки, лукот истолчете го и додадете го или пак многу ситно исецкајте го - измешајте.
- Додадете ги копаните- добро ги измешајте и оставете да одлежат во вака најмалку 3 часа, а најдобро да се маринираат одвечер за да наредниот ден ги спремите.
- Извадете ги копаните од маринадата и наредете ги во лесно подмачкано тавче (а и не мора). Ставете да се печат во предходно загреана рерна.

Забелешка
- вака печените копани имаат многу меко и сочно месо, а одозгора како карамелизирани, за тоа допринесува шеќерот во маринадата.
- не ви напишав колку време се печат затоа што не знам да ве посоветувам, мојата рерна веќе гледа во продавниците, на ново мириса. Јас печев скоро 60 мин.  се поради рерната.