Малку прерано за пролет, но како пролетта малку да подѕирнува во зимскиот февруари... еве нешто како предвесник.

Јајцата и шеќерот најпрво убаво се матат. Се додава млекото и маслото и на крај со најмала брзина на миксерот, брашното и пецивото.
Половина од смесата сипете ја во подмачкан калап за куглоф.
Вишните, убаво исцедени се редат во средината една до друга, како венец. Јас предходно ги извалкав во брашно, а оној што сака да му се послатки веројатно можи и шеќер да додај (ова како предлог и за некој ден кога повторно ќе го правам ќе јавам со коментар)
Во останатата половина од смесата се вмешува афионот и се истура врз вишните.
Се печи на 170Ц околу 40 мин. провизорно, секако проверете со чепкалка или допир.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани