
21
мар
2014
Пролетен сон
Посен колач кој е вкусен и едноставен за правење.
Во длабок сад се става минералната вода, шеќерот, маслото, пецивото и брашното. Сето ова се меша со дрвена лажица. Кога убаво ќе се измешаат состојките да нема грутчиња се додаваат 3те лажици мармалад и се става половина смеса во тепсија.
Врз тестото се ставаат вишните измешани со гриз и шеќер и врз нив останатото тесто.
Се печи во загреана рерна 200с/30мин. Кога ќе олади се сечи на коцки и се оросува со шеќер во прав.Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани