Куглоф - Пролетен цвет
Малку прерано за пролет, но како пролетта малку да подѕирнува во зимскиот февруари... еве нешто како предвесник.
Јајцата и шеќерот најпрво убаво се матат. Се додава млекото и маслото и на крај со најмала брзина на миксерот, брашното и пецивото.
Половина од смесата сипете ја во подмачкан калап за куглоф.
Вишните, убаво исцедени се редат во средината една до друга, како венец. Јас предходно ги извалкав во брашно, а оној што сака да му се послатки веројатно можи и шеќер да додај (ова како предлог и за некој ден кога повторно ќе го правам ќе јавам со коментар)
Во останатата половина од смесата се вмешува афионот и се истура врз вишните.
Се печи на 170Ц околу 40 мин. провизорно, секако проверете со чепкалка или допир.
Лиценца: Сите права се задржани
На тебе уште еднаш честитки, да си жива и здрава години 100, па назад да полнеш да броеш после... да ствараш овде и да поставуваш овакви прекрасни слики.. јас приметувам дека ти веке во професионалци отиде... Поздрав!
Лили, мило ми е што Маријана го бендиса, поздрав до неа :)