Пролетен ролат со варени јајца
Многу декоративен и вкусен ролат.
Прво се ставаат јајцата да се варат на вообичаен начин, па се лупат.
Потоа се ставаат исчистените моркови да се варат.
Се блендираат во сецко на Делимано и по потреба се додава 1-2 лажици вода каде се вареле, со цел да добиеме смесаа која наликува на мазно пире.
Сега во вангличка се стават 3 јајца, сол и се мати да побели смесата.
Се додаваат маслото, јогуртот, брашното, пецивото и испасираните моркови.
Убаво сето се промешува и се печи смесата во мала ростер тава.
Се печи околу 25 минути на 190 степени.
Во состојките ставив дека треба 1/2 лажиче пециво.
Јас користев скоро цело, но мислам дека беше премногу.
Сега во зовриена вода се стават исчистените листови спанаќ, 1-3 минути да омекнат.
Потоа убаво се цедат од водата и тие се блендираат.
Сусамот се потпекува, а филето се сецка на мали коцки.
Се става во вангчличка киселата павлака, сол, бибер, филето, сирењето, сусамот и спанаќот.
Убаво се меша да се соедини.
Испечената и изладена кора се премачкува со веќе приготвениот фил.
На крајот се редат варените јајца.
Се витка ролат, кој се завиткува во фолија и се остава во фрижидер 1 час да се стегни.
Се сервира изладениот ролат, се дегустира и се ужива.
Лиценца: Сите права се задржани