Ролат од мелено месо со варени јајца
Меленото месо со зачините, сенфот и корката леб натопена со вода убаво го измешуваме. На најлонска фолија смесата ја расплескуваме правоаголно и на почетокот ги редиме варените јајца, а на останатото место го распоредуваме грашакот и ситно исецканиот млад кромид. Убаво со рака ги потиснуваме да се залепат. Виткаме ролат.
Во огноотпорна тава ставаме алу-фолија и на неа го поставуваме ролатот. Го налеваме со малку масло на секаде и го свиткуваме во фолијата. Коцката супа ја растопуваме во малку врела вода и дополнуваме ладна, па ја истураме во тавата. Додаваме и масло во течноста. Печиме на 200 степени 10-15 мин. Потоа ја вадиме тавата и ролатот го одвиткуваме од фолијата и на него полеваме со течноста. Така го печиме уште 15на минути во кои повремено отвораме и полеваме течност. Кога е готов ролатот, го вадиме и го завиткуаме повторно со фолијата и така оставаме да се излади. Доколку ви остане од водата во која се печеше, ќе ви се најде како убав прилог-сос, доколку ја запржите со малку брашно.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
лудо нема болја јајетина од свињетина хаха... ја извиличив малку српската поговорка за моменталните потреби :)