Ролат од мелено месо со варени јајца и компири
Во сад го ставаме меленото месо и во него додаваме лажица сенф, изрендан кромид, зачини по вкус и средината од леб која претходно беше потопена со млеко. Состојките заедно ги мешаме и ги оставаме малку да одстојат.
4 јајца ги вареме и ги лупеме.
На алуминиумска фолија напрскуваме малку зејтин и ја ставаме смесата од мелено месо и врз месото ги редиме јајцата. Потоа со помош на фолијата оформуваме ролат. Подготвениот ролат го ставаме во тава за печење на која има попрскано зејтин.
Во тавата ги додаваме исечканите компири. Ги посолуваме со зачини по вкус, додаваме парченца путер, и додаваме гранчиња рузмарин. Во тавата налеваме претходно растопена коцка супа во половина литар вода.
Тавата за печење ја ставаме во претходно загреана рерна на 200 степени да се печи 30 минути. По 30 минути ја отстрануваме фолијата и печиме уште 15-20 минути на 180 степени.
Ја одстрануваме вишокот на супа од тавата за да ја употребиме во преливот и ја враќаме тавата во рерна уште 10 мин на 220 степени да зацрвени компирот и ролатот од месо.
Во тава за пржење ставаме масло за јадење да се загрее. Ги додаваме маринираните печурки малку да се запржат. Потоа додаваме брашно и зачин, а потоа и супата која остана од печењето на ролатот. Додаваме и малку вода по потреба во зависност колку сакаме да биде густ преливот.
Пријатен апетит !
Доколку имате можете да употребите млади компирчиња кои само ќе бидат измиени, без да се лупат. Исто така, вкусот на компирите може да се збогати со зачин за печен компир.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови