Желатинот измешајте го со 500 мл ладна вода и ставете го на огин да врие околу 3 - 4 минути. Тргнете го настрана да одстои 5 минути и истурете го во чаши за вино да се наполнат чашите до пола и ставете го да стојат во фрижидер околу 1 час.
За тоа време во блендер ставете ги бананите и јагодите заедно со павлаката и изблендирајте да добиете густа смеса. Желатинираниот шеќер сварете го по истата постапка погоре. Вака подготвените смеси потоа измешајте ги и сипете ја смесата врз стврднатото желе од јагоди. Оставете го десертот да се стегне уште 30 минути. Декорирајте ја површината со шлаг, јагода и цреша.
Добар Апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови