Испечати

Пролетен шарен десерт

Пролетен шарен десерт

Состојки

  • 2 кесички желатин со вкус на јагода (или 1 кеса пудинг од јагода)
  • 500 мл вода (или сок од јагода)
  • 5 лажици нерафиниран шеќер
  • 1 банана
  • 300 гр јагоди
  • 2 лажици желе шеќер (или пакетче желе измешано со 1 лажица прав шеќер)
  • 150 гр слатка павлака
  • цреши и шлаг пена за декорација

Подготовка

Желатинот измешајте го со 500 мл ладна вода и ставете го на огин да врие околу 3 - 4 минути. Тргнете го настрана да одстои 5 минути и истурете го во чаши за вино да се наполнат чашите до пола и ставете го да стојат во фрижидер околу 1 час.
За тоа време во блендер ставете ги бананите и јагодите заедно со павлаката и изблендирајте да добиете густа смеса. Желатинираниот шеќер сварете го по истата постапка погоре. Вака подготвените смеси потоа измешајте ги и сипете ја смесата врз стврднатото желе од јагоди. Оставете го десертот да се стегне уште 30 минути. Декорирајте ја површината со шлаг, јагода и цреша.
Добар Апетит!!!