10
сеп
2012
Кростата тирамису
1.Од сите состојки замесете средно, не лепливо тесто, оставете го настрана и подгответе го филот.
2. Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги маскарпонето и рикотата и измешајте со жица да нема грутчиња.
3. Додадете ги исецканата чоколада, кафето, румот, нишестото и повторно измешајте со жицата убаво да се изедначи.
4. Земете го подготвеното тесто и од мал дел направете шари по ваша желба. Со останатото тесто на набрашнета површина направете кора во големина на калап за кростата (бр. 30). Кората ставете ја во калапот, избоцкајте ја со вилушка и додадете го филот.
5. Над филот ставете ги шарите и ставете ја кростатата да се печи на 180 степени 30-35 мин.
Лиценца: Сите права се задржани
го знам рецептот на памет :) :) :) :)
1.000 пати ми има обелено образ пред гости, како се' ја немам правено и секкогаш е без утка. за некој трапав во кујна како мене, тоа е битен момент :) :) :) :)
очигледно ќе имам нов обелувач на образ пред гости :)
и не ми се верува дека си пишувала МОИ РЕЦЕПТИ. ептен си душа :)