Кростата со нутела
Од сите состојки се замесува не лепливо тесто, се витка во најлонска фолија и се остава во фрижидер околу еден час.
Пред да се извади тестото од фрижидер се подготвува филот.
Во сад се става нутелата, маскарпонето, нишестето, ванилата и со лажица се мешаат да се изедначат.
Од тестото се остава мал дел од тестото за правење украси на кростатата, а од другиот дел се развлекува кора во големина на калапот (28).
Кората се става во калапот кој претходно е намастен и набрашнет, се боцка со вилушка и се додава филот. Се подрамнува.
Од оставениот дел од тестото се прават лентички или форми по желба и се редат над филот.
Се пече на 180 степени околу 30-35 мин.
Во филот маскарпонето може да се замени со рикота или да се изостават и двете сирења, да се намачка само со нутела и да се пече.
Лиценца: Сите права се задржани