Кростата
Прво се топи путерот заедно со шеќерот и се остава да се олади. Се меси тестото со брашното, јајцата,пецивото, изрендана кора од лимонот и зејтинот. Се умесува добро и се дели од тестото помал дел за одоздола на плехот, поголем за лентите. Помалиот дел го расплескуваме со рацете на подмачкан плех со путер, бр.28 - 30 и правиме од страната венче како за пастрмајлија. Врз тестото ставаме мармалад околу 5 мм. Од другиот дел од тестото правиме мали лентички со прстите бидејки тестото се кине и ги редиме врз мармаладот, како што е прикажано на сликата. Лентите да бидат дебелина како прст.Се пече на 180 степени, околу 40 минути, да добие златна боја. Може да се јаде во комбинација со млеко или филтер кафе јас така го обожавам. Добар апетит Рецептот ми е од моја кумица Снежана која е на работа во Италија .Кумице ти благодарам за убавиот рецепт
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Сите права се задржани
e kolku e mal site se pobaska dali mozis da meris na ML i da mi kazis ..fala mnogu
pozdrav od Diana
Pozdrav od Diana
Pozdrav
и да почнеме со презентацијата :) :) :) :)
крчкање во рерна
сецкање на делчиња
и најзакон од се'
мојата гладна нација ти е благодарна :) :) :) :)
и уште нешто, покрај пофалбите:
јас го правев со свинска маст, тоа користиме по дома, го направив со едно јајце, дека ко за беља толку останало и го направив со џем од сливи :)
zivejam vo AJAX
Супер изгледа Дијанче!
Кростатата што Светлана ја направи за нас :)
Ти благодариме!