Испечати

Кростата

Кростата

Состојки

  • тесто
  • 125 грама путер
  • 125 грама шеќер
  • 300 грама брашно
  • 2 јајца
  • 1 пециво
  • 1 мал фулџан поточно 75 мл зејтин
  • 200 -300 грама мармалад по желба може од модри сливи, кајсија ........

Подготовка

Прво се топи путерот заедно со шеќерот и се остава да се олади. Се меси тестото со брашното, јајцата,пецивото, изрендана кора од лимонот и зејтинот. Се умесува добро и се дели од тестото помал дел за одоздола на плехот, поголем за лентите. Помалиот дел го расплескуваме со рацете на подмачкан плех со путер, бр.28 - 30 и правиме од страната венче како за пастрмајлија. Врз тестото ставаме мармалад околу 5 мм. Од другиот дел од тестото правиме мали лентички со прстите бидејки тестото се кине и ги редиме врз мармаладот, како што е прикажано на сликата. Лентите да бидат дебелина како прст.Се пече на 180 степени, околу 40 минути, да добие златна боја. Може да се јаде во комбинација со млеко или филтер кафе јас така го обожавам. Добар апетит Рецептот ми е од моја кумица Снежана која е на работа во Италија .Кумице ти благодарам за убавиот рецепт
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер