Кростата тирамису
Состојки
- Тесто
- 450-500 гр брашно
- 140 гр путер (собна температура)
- 130 гр шеќер
- 2 јајца
- 1 ванила
- 5 гр прашок за пециво
- 70 мл млеко
- Фил
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 100 гр сецкана млечна чоколада
- 3 лажици јако сварено кафе
- 1 шишенце (2мл) екстракт од рум
- 20 гр нишесто
- 250 гр маскарпоне
- 250 гр рикота (несолена урда)
Подготовка
1.Од сите состојки замесете средно, не лепливо тесто, оставете го настрана и подгответе го филот.
2. Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете ги маскарпонето и рикотата и измешајте со жица да нема грутчиња.
3. Додадете ги исецканата чоколада, кафето, румот, нишестото и повторно измешајте со жицата убаво да се изедначи.
4. Земете го подготвеното тесто и од мал дел направете шари по ваша желба. Со останатото тесто на набрашнета површина направете кора во големина на калап за кростата (бр. 30). Кората ставете ја во калапот, избоцкајте ја со вилушка и додадете го филот.
5. Над филот ставете ги шарите и ставете ја кростатата да се печи на 180 степени 30-35 мин.