Краставичките се мијат и се чистат-се засекуваат по краевите. Се ставаат во поголем сад и се попаруваат со претходно свареното солило. Така треба да одседат 24 часа, а потоа се собираат во тегли. Во теглите се става по 2-3 листови ловор, неколку зрна бибер и коперот. Од оваа доза излегуваат 11-12 тегли и ова е поедноставен рецепт без она варење на тегли, а солилото е многу вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела