Корнишони спремени без варење
Состојки
- 6кг корнишони
- 4л вода
- 300гр шеќер
- 150гр сол
- 1пакетче ловоров лист
- 2кесички црн бибер во зрна
- 5-6лажици копер
- 1мал филџан ексенција
Подготовка
Краставичките се мијат и се чистат-се засекуваат по краевите. Се ставаат во поголем сад и се попаруваат со претходно свареното солило. Така треба да одседат 24 часа, а потоа се собираат во тегли. Во теглите се става по 2-3 листови ловор, неколку зрна бибер и коперот. Од оваа доза излегуваат 11-12 тегли и ова е поедноставен рецепт без она варење на тегли, а солилото е многу вкусно.