Овој начин на спремање корнишончиња ми дојде по идеја на една салата за зимница која ја спремав на сличен начин на конзервирање со жешка вода, наместо крајно загревање на теглите. Тоа последниве години најлесно го правам во машината за садови, но овој пат беа само неколку тегли, а таа полна, па овој начин одлично ми дојде. Теглите следниот ден проверено, супер затворени.

1. Во тегла се редат поситни корнишончиња.

2. Во секоја одозгора се става по една лажица сол и шеќер, киселината и коријандерот.

3. Се полева со врела, зовриена вода да ги покрие и веднаш се затвора убаво со капачето.

4. Теглата одма се превртува однопаку и се остава така додека излади.

Толку! Брзо, лесно, ефикасно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови